Гласините споменуваа дека Xiaomi 11T Pro ќе поддржува 120W полнење на батеријата, а Xiaomi ова го нарекува HyperCharge. Компанијата сега на Twitter официјално ја потврди оваа карактеристика, пред настанот што ќе се одржи на 15. септември.
Оригиналниот Mi 11T поддржуваше 67W полнење. Капацитетот на батеријата би требало да остане 5000mAh. Засега нема официјални информации за поддршката за безжично полнење кај Pro моделот (оригиналниот модел имаше поддршка за 67W).
Xiaomi веќе користеше 120W полнач на Mi 10 Ultra телефонот, а подоцна и на Mix 4 (како и на два Black Shark 4 модела).
Според непотврдени информации, Xiaomi 11T Pro ќе го покренува Snapdragon 888 чипсет, додека стандардниот 11T ќе коисти MediaTek Dimensity чип. Двата телефона би требало да имаат 120Hz дисплеи како нивните претходници.