MOBIUZ гејминг брендот на компанијата BenQ претстави три LCD монитори со заоблен екран. Мониторите се со VESA Display HDR400 и „HDRi“ способност, која комбинира High Dynamic Range со Brightness Intelligence Plus за јасни детали.
Другите карактеристики на мониторот вклучуваат treVolo звучници, со висок квалитет на звук, Black eQualizer што ја подобрува видливоста во услови на слабо осветлување и Light Tuner, што овозможува прилагодување осветленоста на екранот на 20 нивоа.
BenQ MOBIUZ EX2710R е 27-инчен WQHD модел со VA панел и е достапен во црна и бела боја. Се одликува со 1000R закривеност , екран со 16,77 милиони бои, контраст 3000:1, осветленост од 300 cd/m² (400 cd/m² во HDR) и 1ms (MPRT) / 2ms (GtG) одзив. Максималната стапка на освежување е 165Hz, а од портовите се достапни HDMI 2.0 x2, DisplayPort 1.4 x1 и USB 2.0 x1.
MOBIUZ EX3210R е 31,5-инчен WQHD модел со VA панел. Екранот има 1000R закривеност, контраст 2500:1, осветленост 300 cd/m², одзив 1ms (MPRT) / 2ms (GtG) и максимална стапка на освежување од 165Hz. Опциите за поврзување вклучуваат HDMI 2.0 x2, DisplayPort 1.4 x1 и USB 2.0 x1 портови.
На крајот, MOBIUZ EX3415R има 34-инчен UWQHD (3440 x 1440p) IPS екран. Според спецификациите, тој нуди заобленост од 1900R, контраст 1000:1 и осветленост од 200 нита (400 нита во HDR), додека одзивот е 1ms (MPRT) / 2ms (GtG), а стапката на освежување е 144Hz. Мониторот користи HDMI 2.0 x2, DisplayPort 1.4 x1 и USB 2.0 x1 влезови.