Научниците тврдат дека технологијата која стои зад вакцините против коронавирусот би можела да помогне и во борбата против ракот. Истражувачите смислиле вакцина од две дози која би можела да помогне во туморот кај луѓето, односно протеините кои се присутни на површината на многу видови на клетки на ракот.
Кога била тестирана на глувци, вакцината го зголемила броот на антитуморски Т клетки кои ги напаѓаат канцерогените израстоци помагајќи да се зголеми стапката на преживување.
Тимот од Универзитетот во Оксфорд сега има дозвола да изврши испитување на луѓето
„Технологијата на вакцините заснована на вирусниот вектор е исклучително моќна. Во последните години имавме нов пристап на лекување на ракот, имунотерапија, која имаше исклучителни резултати”, изјави професорот Бен Ван Ден Ајнд.
Меѓутоа, додаде дека имунолошкиот систем на некои пациенти не реагира на тоа.
“Оваа идеја е да се користи вакцината заснована на оксфордска технологија со цел имуниот систем навистина да ги препознае клетките на ракот”, додаде професорот.