Ризикот од хоспитализација поради зараза со делта варијантата на COVID-19 е двојно поголема отколку во случај на зараза со алфа варијантанта, покажуваат реултатите од нова студија на Универзитетот Кембриџ.
Научници од Универзитетот Кембриџ и Агенцијата за јавно здравје на Англија анализираа повеќе од 40.000 случаи со Ковид-19 во Англија.
Резултатите се објавени во Lancet Infectious Diseases, а се однесуваат на невакцинираните, додека за целосно вакцинираните не може да се извлечат податоци од анализираните податоци.
Досега студиите докажуваа дела делта варијантата е позаразна, но немаше цврсти податови за ризикот од тежок облик на Ковид-19.
Истражувачите открија дека ризикот од хоспитализација е просечно 2,26 пати поголем кај делта варијантата.
Од 40.000 случаи од студијата само 1,8% биле целосно вакцинирани, што истражувачите го интерперетираат како потврда на голема ефикаснот на вакцините.
Од заразените во студијата 74% биле невакцинирани, а 24% делумно вакцинирани.
„Нашата анализа нагласува дека во недостатокот на вакцинација секоја епидемија на делта варијантата ќе наметне поголем товар на здравствениот систем отколу епидемијата со алфа варијантата“, изјави Ен Пресанис, една од авторктие на студијата.
Таа понатаму додава:
„Целосната вакцинација е клучна за намалување на индивидуалниот ризик од симпотоматска инфекција со делта варијантата и што е исто важно, за намалување на ризикот од тешка болест и хоспитализација за пациенти заразени со делта варијантата“.
Делта варијантата првично е забележана во Индија и сега е доминантна во многу земји. Експертите очекуваат да ги надвладее другите варијатни на глобално ниво, освен ако не се појави уште позаразен сој.