Група поранешни инженери од компанијата на SpaceX на Елон Маск развиваат електричен глисер што ќе биде со брзина од 65 км/час, пренесе Business Insider.
Arc Boats обезбеди 4.25 милиони долари за амбициозниот проект, а се очекува првите модели да бидат продадени кон крајот на годината.
Компанијата објави дека пакетот батерии (200 kWh) ќе трае за три до пет часа возење без престан.
Arc One може да се нарача онлајн, аконтацијата е 1.000 долари, додека цената е 300.000 долари.