Wizz Air, најбрзо растечката авиокомпанија во Европа, денес најави четири нови рути од Северна Македонија до Италија, Германија и Данска, меѓу кои од Скопје до Болоња и Торино – Италија, од Скопје до Билунд – Данска и од Охрид до Фридрихсхафен – Германија. Првите летови до новите дестинации ќе бидат во Декември 2021. Картите се веќе во продажба на wizzair.com или на мобилната апликација со цени од 1229 МКД / 19.99 EUR*.
Новите линии ќе ги надополнат постојните услуги што веќе се користат од скопскиот и охридскиот аеродром и ќе ја потврдат заложбата на авиокомпанијата да им понуди на македонските патници летови до различни дестинации. Новите рути до Болоња, Торино, Фридрихсхафен и Билунд ќе започнат со работа благодарение на распределбата на 5 -тиот авион на Wizz Air базата во Скопје.
Новите дестинации се познати по нивната култура, природа и гостопримство. Позната по своите кули, цркви и долги порти, Болоња е еден од најпопуларните градови во Италија. Градот има голема студентска популација што му дава космополитски карактер. Торино од друга страна е познат по својата префинета архитектура и кујна. Градот Билунд е дом на вториот по големина аеродром во Данска и е забавно жариште во Европа, обезбедувајќи атракции за сите членови на семејството, особено за малите благодарение на познатиот Леголенд. Сместен директно на брегот на езерото Констанца, Фридрихсхафен е познат по својата природа, како и по тоа што нуди акција и забава во, околу и на вода.
Wizz Air ја претстави новата ера на санитарни патувања, спроведувајќи строги хигиенски мерки за заштита на патниците и екипажот. ХЕПА филтрите на сите авиони на Wizz Air филтрираат 99,97% од вирусите и бактериите од воздухот, а пак членовите на екипажот и патниците треба да носат маски за време на летот. Вентилацискиот систем со кој е опремен секој авион е дизајниран целосно да го променува воздухот во кабината 20 пати на час, со што постојано циркулира чист воздух. Wizz Air ќе продолжи со својот строг распоред за целата оперативна флота, со што целиот авион е дезинфициран преку ноќ по сите правила и прописи. Погледнете го видеото на Wizz Air за безбедност и заштита тука.
Wizz Air ги советува патниците да ги проверат рестрикциите за патување пред да го започнат своето патување. Со својата подобрена Мапа за планирање на патување, патниците можат да ги проверат рестрикциите за патување низ мрежата на WIZZ. Веб-страницата со кодови во боја прикажува сеопфатна карта на можни дестинации, со соодветни линкови до владини веб-страници, страници за патувања и сите формулари што треба да се пополнат пред поаѓање.
За максимална флексибилност, кога станува збор за резервации, Wizz Air им препорачува на патниците да ја користат услугата WIZZ Flex. Со оваа услуга патниците имаат дополнителна заштита. Користејќи ја оваа услуга патниците можат да изберат да патуваат на различен датум или на друга дестинација, како и да имаат можност да го откажат летот до 3 часа пред лет без никаков надомест и да добијат 100% поврат на средствата како Wizz кредити.
Paulina Gosk, Менаџер за корпоративни комуникации во Wizz Air, изјави: „Среќни сме да го најавивме проширувањето на нашата мрежа од Северна Македонија до нови дестинации во Италија, Германија и Данска. Со новите услуги од Скопје до Болоња, Торино и Билунд, и од Охрид до Фридрихсхафен, Wizz Air сега нуди уште поголем избор на дестинации за македонците. Секој може да ужива во ултра ниските цени и да патува безбедно до својата нова омилена дестинација и да открие нови места со нашите модерени авиони. Со нетрпение очекуваме да ги пречекаме првите патниците до новите возбудливи дестинации.”