Истражувачите од Националниот автономен Универзитет во Мексико (УНАМ) создадоа маска за лице со нанослој од сребро и бакар, која го неутрализира Ковид-19.
УНАМ трослојната антимикробна маска за лице ја нарече СакЦу, Сак на мајански јазик е сребро, а ЦУ е хемискиот симбол за бакар.
Тестирањето на маската покажало дека вирусот за 80 проценти исчезнува за околу осум часа.
„По допирот со нанослојот од сребро и бакар, мембраната на САРС-ЦоВ-2 пука и нејзината РНА е оштетена. Сури и ако СакЦу се складира на непрописен начин, тоа не е проблем бидејчи маската не останува контаминирана, како голем број маски“, посочија истражувачите.
Маската за лице може повторно да се користи и може да се пере до десетпати без да ги загуби своите биоцидни карактеристики.
УНАМ наведе дека во моментот има капацитет за производство на 200 маски дневно.