На две бини ги гледаме/слушаме:
Миленикот на скопската публика – Hercules & Love Affair, шпанските пост-панкери Belgrado, KOIKOI од Белград, Murman Tsuladze со магичниот килим од Грузија, мистериозниот романтик од Хрватска – Peki Pele, најдориот руски чин во живо – Shortparis, домашните Луфтханза, ИСКРА и Blackstate и човекот без кој не се одржува фестивалот – Ирецот DJ FITZ. Покрај музичката програма ја имаме и изложбата на Бранкица Јордановска под наслов „Маска или преобразба на изопаченото“. Исто така, ќе бидат изложени сите постери што ги добивме на Конкурсот за официјален постер на „ЗДРАВО МЛАДИ 11“ на којшто победи Катја Штркова.
Голема благодарност до неа за целиот дизајн на овогодишното издание и прекрасните креативни решенија.
Повеќе информации за настапувачите можете да најдете на www.zdravomladi.com
Фестивалот ќе се реализира согласно актуелните мерки/протоколи за организирање настани во отворен простор.
Билетите изнесуваат 400 денари, истите се достапни на www.bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ.
Голема благодарност до сите спонзори и партнери на ЗДРАВО МЛАДИ за реализација на ова единаесетто издание.
Фестивалот е поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, UNICEF, Europe House Skopje, Град Скопје, Министерство за култура, Redbull и Скопско smooth.
Поврзани артикли