Вакцината против Ковид-19 на Фајзер/Бионтек стана првата вакцина што доби целосно одобрение за масовна употреба од ФДА (Американската агенција за храна и лекови.
Американскиот претседател Џо Бајден ги повика раководителите на јавните и приватните сектори да го искористат одобрението на ФДА и да го забрзаат процесот на вакцинација против коронавирусот.
Иако на Фајзер му е дадено целосно одобрение за масовна употреба на вакцината, понатамошните истражувања за подобрување на сегашната вакцина не се запрени.
„Се развива нова вакцина против агресивниот делта сој’, соопшти извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурл.
Тој понатаму објасни како би се употребувала вакцината:
„Правиме специјализирана вакцина против коронавирусот, поточно против делта сојот“, вели тој и додава дека можеби нема да биде користена за масовна имунизација на луѓето бидејќи нивната трета доза е доволно ефективна против делта сојот.
Доколку биде потребна нејзина употреба луѓето би требало да ја примат 8 месеци по втората доза за да дополнително се засили имуниот систем, смета тој.
Поврзани артикли