Иницијално потрагата започнала по камп приколка, а во еден двор, со помош на дрон е пронајден многу поголем плен
Беспилотните летала и нивната улога се тема на дискусија и во националните парламенти со строги прописи кои дефинираат кога и каде можете да ги користите. Замислете сцена во која, да речеме, на десеттиот кат од зграда, малку се опуштате и шетате низ станот како да сте од мајка родени, а пред прозорецот зуи и ве снима летало со камера.
Постојат многу ситуации во кои беспилотните летала можат да ја нарушат приватноста, па затоа и се регулира нивното користење. Но во исто време може да бидат и исклучително корисни. Еве еден пример од англискиот град Лестер, кој може да биде водич и за некои други полиции. Локалните службеници за спроведување на законот во една патрола со дрон со далечинско управување пронашле украдена камп приколка и два украдени автомобили и кампер.
Иницијално потрагата започнала по камп приколка, а во еден двор, со помош на дрон е пронајден многу поголем плен.
Но, тоа не е се, полицијата била испратена на местото на настанот, и во тој момент во дворот се појавил крадецот „со огромен апетит“ со еден куп украдени катализатори од автомобилот. Се разбира, тој бил спроведен до најблискиот истражен затвор. Полицијата се пофалила со акцијата на својот профил на Twitter