Откако популарната страница за возрасни OnlyFans, со повеќе од 130 милиони корисници, најави дека од оваа есен ќе биде забранета содржина со експлицитен секс, сè повеќе корисници почнаа да отвораат профили на слична страница, пишува Unilad.
„Работиме на проверка на корисниците бидејќи сега бележимe отворање на 4.000 нови профили по час. Проверките траат околу еден ден, а кога е потребна комуникација со корисничка поддршка, тогаш трае подолго. Проширувањето на нашиот тим сега е приоритет број еден“, објавија од Fansly на Twitter.
We have all hands on deck working on verifying creators as we’re receiving 4000 applications an hour now. Back log of applications is about a day currently and support tickets is even longer. Expanding our team to handle the volume is our #1 priority now. Please bare with us ?
— Fansly (@realFansly) August 21, 2021
Fansly себеси се опишува како „бесплатна страница платена од креатор за креатор“ на која корисниците можат да комуницираат со други корисници продавајќи им содржина, а исто така можат да се претплатат за услуги на креатор.
И покрај фактот дека бележи поголема побарувачка од претходно, од Fansly велат дека сакаат да растат и да добијат корисници затоа што нивната страница е побезбедна, има и подобра поддршка, а не затоа што креаторите од OnlyFans се принудени да ја користат.
Незадоволството доаѓа по веста дека на страницата наскоро ќе бидат забранети содржини со експлицитен секс.
Извор: B92.net
Поврзани артикли