Популарната апликација за размена на пораки WhatsApp во наредниот период ќе претстави нова опција на своите корисници.
Во ноември минатата година воведоа опција за пораки кои исчезнуваат по 7 дена, а пред неколку месеци почнаа да работат на пораки кои може да се видат само еднаш, а потоа да исчезнат засекогаш.
Сега развиваат нова опција односно пораки кои исчезнуваат за 90 дена.
Корисниците ќе добијат мени откако ќе се финализира оваа опција и ќе може да ја изберат опцијата „off“ во која пораките никогаш не исчезнуваат или да изберат за колку време сакаат да ги снема пораките т.е за 24 часа, 7 дена и 90 дена.
Извор: Klix.ba