И покрај обвинувањата на Blue Origin, компанијата SpaceX напредува со развојот на ракетата Starship со кој луѓето ќе се вратат на Месечината.
Eлон Маск на Twitter доби прашање дали SpaceX на време ќе го подготви Starship за пренос на луѓето на Месечината во 2024 година, а тој одговори дека тоа веројатно ќе се случи порано.
Минатата недела НАСА соопшти дека постојат проблеми мисијата за Месечината, закажана во 2024 година, поради проблеми со развој на вселенско одело. Но, сега тука е и тужбата на Blue Origin поради договорот што го доби SpaceX, вреден 2,89 милијарди долари.
Истиот е наменет за развој и производство на летало кое ќе ги однесе луѓето на Месечината, за прв пат по скоро 50 години.
Приватната вселенска компанија го доби договорот и со тоа ги надмина ривалите Dynetics и Blue Origin, чиј сопственик Џеф Безос ѝ понуди на НАСА 2 милијарди долари за да се врати „во игра“ за развој на летало. Безос повторно беше одбиен од НАСА.
Маск се потсмеа со потегот на Безос, на Twitter напиша дека Безос би бил на Плутон кога лобирањето и адвокатите би можеле да го однесат во орбитата.