Facebook планира да креира паметен часовник со кој треба да му биде конкуренција на паметниот часовник на Apple. Првенствено ќе биде наменет за прикажување на здравствените параметри за време на тренинг и за текстуална комуникација.
Оваа информација ја објавија порталите кои се посветени на известување за најновата технологија, Information и Verge. Тоа значи дека треба да има Android систем со кој ќе биде овозможено испраќање на пораки преку апликацијата на Facebook, Messenger и WhatsApp.
Се очекува дека ќе биде овозможено да се следат голем број на здравствени параметри, а тоа подразбира поврзување со пријателите кои вежбаат, тренерите и здравствените и фитнес компаниите како што е Пелотон.
Се претпоставува дека паметниот часовник на Facebook ќе има одвојлив екран со две камери. Ќе се употребува за правење фотографии и видеа, а кои ќе можат да се објавуваат на Facebook, Instagram и WhatsApp. Камерата од предната страна ќе може да се користи за видео повици, додека задната камера ќе биде на одвојлив екран. Оквирот од часовникот ќе биде нерѓосувачки материјал.
Наводно, овој часовник би требало да чини околу 400 долари и дека продажбата би започнала следното лето. Производството за втората генерација часовници е планирана за 2023 година. На овој начин ќе му конкурираат на Apple кој го има произведено еден од најпродаваните часовници на светот. Се верува дека го поседуваат 100 милиони луѓе.
Во меѓувреме Facebook соработува со Ray Ban и заедно создаваат паметни очила со кои исто ќе станат конкуренција на Apple.