CNN ексклузивно пренесува дека ЦИА поседува голема количина на генетски податоци кои би можеле да бидат клучот во мистеријата за потеклото на коронавирусот.
Службата сега детално ги прегледува податоците, но прво истите мора да ги дешифрира.
Тој голем каталог на информации содржи генетски податоци добиени од примероци на вирусот кој го проучувале во лабораторија во кинески Вухан, градот од кој коронавирусот почна да се шири во светот, потврдиле за CNN повеќе извори. Дел од американските функционери веруваат дека коронавирусот „тргнал“ токму од таа лабораторија.
Сè уште е нејасно како ЦИА дошла до тие податоци, нo CNN наведува дека компјутерите по пат на кои таквите бази на податоци се создаваат и процесираат вообичаено се споени со сервери базирани на „cloud“ технологија, што алудира на можност од хакерски напад.
Но, „преведувањето“ на големата количина на податоци и корисни информации кој е само дел од напорот на ЦИА да го открие потеклото на коронавирусот, со себе носи и низа предизвици.
Еден од нив се однесува на собирањето на доволно компјутерска сила за таквата работа да биде завршена. Поради тоа ЦИА се „потпира“ на суперкомпјутерите на националната лабораторија на Одделението за енергија кој обединува 17 елитни американски истражувачки институции.
CNN потсетува дека американските високи функционери дале рок од 90 дена да го откријат потеклото на коронавирусот.
Се надеваат дека прегледот на информациите од Кина ќе помогне при одговорот на клучното прашање: Како вирусот од животните премина на човекот?
Одговорот на тоа прашање е клучен за конечно да се утврди дали коронавирусот протекол од лабораторија или пак од животните по природен пат се пренел на луѓето.
Истражувачите се поврзани и со американската власт, но оние кои не се, долго барале генетски податоци содржани во 22.000 примероци вируси кои Кинезите ги проучувале во лабораторија во Вухан.