GingerOfOz – докторот за конзоли, претстави нова конзола која ја претвори во handheld.
PlayStation 2 e најдобрата конзола на сите времиња според мислењето на многумина, беше ставена во handheld која потсетува на Nintendo Switch и направи нешто за што не треба да жалите да потрошите ниту пара.
На проектот се работеше два месеци и беше направена една спектакуларна работа за сите љубители на старите игри со PS2 и за сите гејмери кои ги привлекува носталгијата кон старите времиња.
Се разбира, копчињата се исти како и на џојстикот за PS2, и овој изум е наречен PS2 Eclipse.
Дисплејот е од пет инчи и работи во резолуција од 480p, а конзолата работи на батерии, која трае два и пол часа.
Може да имате 4.000 игри на него, а интересно е што работи на хардвер од PS2, што можете да го видите во видеото.
Имаме вградени звучници, приклучок за слушалки, на дисплејот можеме да видиме колку трае батеријата, а креаторот вели дека контролите се само мал проблем и дека понекогаш знаат да се „забавуваат“.
Извор: B92.net