Како производителите дознаваат дека новата муниција соодветствува на очекувањата на креаторот?
Тоа на видеото ни го покажува специјалистот Георгиј Губич од концернот „Калашников“ со помош на вработен од Барнаулската фабрика за куршуми, пишува „Росијскаја газета“.
Функционалноста на муницијата првин се проверува на балистички уред. Системот го оценува притисокот под кој стрелбата е безбедна и максимално ефикасна, ја мери брзината на куршумот на растојание од 10 м, по што на електронска цел се регистрира прецизноста. Првично куршумот се истрелува во нормални услови, а потоа на -50 и +50 степени. На крај се црта табела на која се означени сите параметри на енергија, притисок и брзина.
По балистичкиот уред следува најинтересното – проверка на сериското оружје. На видеото се користат карабини „Вепар“, „Сајга“ и пиштоли „Јаригин“, Glock 17 и други. По тестирањата следува неколкудневна анализа, пресметки и евалуација на резултатите.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли