Една од главните карактеристики на популарноста на платформата Zoom е тоа што може да поддржува голем број корисници во исто време. Ова ја направи услугата корисна за компаниите за време на состаноците во ситуации кога вработените работат од дома, или училиштата да одржуваат часови и предавања за 50 или повеќе ученици / студенти.
Се чини дека Telegram сака да се натпреварува со Zoom во оваа област. Компанијата објави ажурирање за својата платформа, а видео повиците на Telegram сега нудат поддршка за 1.000 корисници истовремено.
Ова не значи дека онлајн ќе има 1000 луѓе на кои им се вклучени камерите и микрофоните, туку 1000 лица кои можат да се вклучат и да гледаат групен видео повик. На некој начин, ова повеќе личи на пренос во живо, отколку на масовна видео конференција.
Според Telegram, компанијата не сака да запре на ова и планира да ја прошири оваа бројка „додека сите луѓе во светот немаат можност да се приклучат на еден видео повик“.
Најновата верзија на Telegram пристигнува со некои нови функции, промени и исправки, а повеќе за тоа можете да дознаете на следниот ЛИНК.
Поврзани артикли