Најголемото и најмоќното Lamborghini заплови по Медитеранот
Станува збор за првиот во серијата бродови кои Technomar ги гради за Lamborghini. A и не треба да бидете преголеми познавачи за да го препознаете потписот на Lamborghini во ова прекрасно пловило. Оние што се поупатени, исто така, ќе видат врска до одделни автомобили, како што се Sian FKP 37 или Terzo Millennio. Во секој случај, ова е Lamborghini и надвор и внатре, со изобилство на луксуз како што прилега на модел од светска класа во наутиката.
Тешко е да се набројат сите особености на пловилото, но секако вреди да се споменат конзолниот покрив и страничните транспарентни панели. Во салонскиот дел навистина е тешко е да се каже што изгледа попривлечно. Дали е тоа пилотската кабина со истакнато капетанско седиште или спалната соба со дизајн инспириран токму од автомобилите Lamborghini.
Погонот на бродот се два V12 мотори со комбинирана моќност од 4.000 КС. Тоа е доволно за брзина од 60 јазли или околу 111 km/h. При малку помирни 40 јазли (74 km/h), опсегот е 210 наутички милји или околу 390 километри.
Точната цена не е позната, но се знае дека новиот сопственик веќе ужива пловејќи по Медитеранот.
Поврзани артикли