По речиси 15 години одложувања и технички застои, новиот руски научен модул наречен „Наука” денеска успешно се спои со Меѓународната вселенска станица (МВС) во орбитата на Земјата, соопшти руската вселенска агенција „Роскосмос”.
Сепак, потребни се уште неколку месеци работа со серија вселенски прошетки на екипажот со цел „Наука” да може да се користи.
Научниот модул полета со ракетата „Протон-М” на 21 јули од рускиот космодром Бајконур во Казахстан.
Иако „Наука” е лабораториски модул, тој ќе се користи и за други работи и како магацин за опрема за регенерација на вода и кислород, соопшти „Роскосмос”.
Со тежина од 20 тони и внатрешен волумен од 70 кубни метри, тој е еден од најголемите елементи на МВС. Изграден е уште во 1990-тите, но неговото лансирање, првично планирано за 2007 година, постојано се одложуваше.
Поврзани артикли