Топењето на мразот поради високите температури создало загриженост меѓу научниците, а некои од нив стравуваат дека доколку сè околу нас почне да се топи, можно би било да почнат да нè „прогонуваат“ древните вируси.

„Топењето нема да доведе само до губење на овие древни, архивирани микроби и вируси, туку во иднина ќе ги пушти во животната средина“, напишале истражувачите во новата студија објавена во „Microbiome“ која ја водел микробиологот Џи-Пинг Џонг од Охајо, пренесува Science Alert.

Благодарение на новите метагеномски техники и новите методи за одржување на стерилизирани примероци од мразот, истражувачите работат на подоброто разбирање на тоа што точно е наоѓа во нив.

Во новата студија, тимот успеал да идентификува десеттина единствени вируси стари 15.000 години од Тибетската висорамнина и да стекне увид во нивните функции.

„Овие глечери се формирале постепено, а заедно со прашината и гасовите и многуте вируси се населиле во тој мраз“, изјавил Џонг.

Во внатрешноста на овие замрзнати формации од минатото истражувачите откриле дека 28 од 33 вируси кои се идентификувани никогаш претходно не биле забележани.

„Тоа се вируси кои би успеале и во екстремни опкружувања“, изјавил микробиологот од Универзитетот во Охајо, Метју Силиван.

Споредувајќи ги нивните генетски секвенци со база на податоци за познатите вируси, тимот открил дека најраспространети вируси биле бактериофагите „Methylobacterium“ – бактерија важна за метанскиот циклус во мразот.

Најмногу од нив биле поврзани со вируси кои се наоѓаат во таа бактерија во тамошните растенија и тлото.

„Овие замрзнати вируси веројатно потекнуваат од тлото или растенијата и на нивните домаќини им го олеснуваат собирањето на хранливите материи“, заклучил тимот.

Извор: Kurir.rs