Меѓународната вселенска станица (ISS/МВС) ќе добие нова лабораторија што ќе ја однесе руската ракета Proton-M на 400 километри над Земјата.
Ракетата беше лансирана од космодромот Бајконур во Казахстан.
Proton-M го носи рускиот модул „Наука“, кој требаше да биде лансиран во вселената во 2007 година, но лансирањето беше одложувано неколкупати поради различни проблеми. Мисијата треба да трае вкупно осум дена.
Missed today’s #Nauka launch? Here is the video of this historic event!
By the way, this was the 425th launch of the Proton family rockets. pic.twitter.com/48dO8ur3wL
— РОСКОСМОС (@roscosmos) July 21, 2021
„Наука“ е повеќенаменски модул, но првенствено е наменет за истражување. Ќе слета на рускиот дел на МВС, објави вселенската агенција Роскосмос, додавајќи дека ќе служи и како кабина на екипажот со сопствен систем за одржување на животот.
Модулот е со големина 13 на 4,1 метри и тежи повеќе од 20 тони.
Новиот модул е развиен од рускиот аеронаутички производител РСЦ Енергија во соработка со Државниот центар за истражување и производство на вселената Круничев, кој е дел од Роскосмос. Модулот треба да ја прошири функционалноста на рускиот сегмент на МВС.
Поврзани артикли