Изолациите, карантините и ограничувањата што ги донесе пандемијата предизвикаа промени во начинот на социјализирање на луѓето, но и во барањето партнери. Според апликациите за познанства и дружење, денес има сè повеќе луѓе кои имаат „помали очекувања“ и не сакаат строго сериозни врски.
Откако „ја изгубија“ претходната година, многумина кои бараат партнер решија да додадат доза искреност на своите профили за пронаоѓање партнери и да признаат дека сериозните врски не се нивниот интерес, но и дека немаат претерано големи очекувања. Сепак, има и такви кои сметаат дека седењето дома е можност за наоѓање партнер за долга врска.
Со или без пандемија – излегувањето и забавувањето секогаш ќе има подеми, падови и сиви подрачја. Новото истражување на Tinder говори за нов тренд за којшто многумина ќе се согласат дека е позитивен – забавување со пониски очекувања. Според Tinder, корисниците од онаа, последната генерација Z бараат поголема отвореност кон можностите од кога било досега. Не бараат сериозна врска, туку описите сега гласат „ќе видиме каде одат работите“ и „сè е отворено“.
Бројот на оние што повторно се потрага по „недефинирана врска“ е зголемен за скоро 50 отсто.
– По една година ограничувања, нашите членови не сакаат и сами да си ги ограничуваат своите врски, па затоа сме сведоци на растечки тренд на помали очекувања, истакна Лора Вилкинсон-Реј, директорка за комуникации на Tinder за Велика Британија.
Корисниците го сметаат овој тренд за позитивен и поискрен во споредба со претходниот третман и веруваат дека по една година на ограничувања, тој носи доста слобода.
Поврзани артикли