Комитетот за итна помош за Ковид-19 при Светската здравствена организација (СЗО) ја предупреди меѓународната заедница дека најверојатно ќе се појават и ќе се шират нови, поопасни мутации на коронавирус низ светот.
Тоа е соопштено на брифинг во Женева од генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, кој ги информираше новинарите за препораките на комитетот на неговото осмо заседание вчера и денеска.
– Комитетот предупреди за голема веројатност од појава и глобално ширење на нови и евентуално поопасни мутации на Ковид-19, кои можат да бидат уште потешки за контролирање, истакна Гебрејесус.
Поврзани артикли