Ричард Бренсон вчера гостуваше во „Шоуто на Стивен Колберт“, неколку дена по неговото патување во Вселената. Имено, тој заедно со уште петмина, во неделата, во ракетниот брод „Единство“ на компанијата Virgin Galactic, извршија успешен пробен лет, па сподели дел од впечатоците со светската јавност.
На тој начин, Британецот стана првиот милијардер кој со суборбитален лет стигна до „работ на Вселената“, по речиси 17 години работа за остварување на неговиот сон за патување во орбитата. Неговата компанија веќе продава билети за претстојниот вселенски туризам.
Прашан, какво е чувството и стравот од тоа што може да тргне надолу, Бренсон рече дека бил нервозен и вкочанет пред полетувањето.
„Мислам, го имате вниманието на цел свет и ве снимаат и, замислете „да го исповратите“ целиот вселенски брод“, се пошегува милијардерот.
Заедно со својот тим, минаа пет минути лебдејќи во нулта гравитација пред ракетниот брод да се спушти назад на Земјата. И Бренсон тогаш сфатил дека веќе патувањето не му дава никакви чувства на мачнина.
„Само… уживав. Ми олесна, а тоа беше – извонредно“, објасни кусо тој.
За среќа, првичната мачнина бргу поминала, без случки за во жолтиот печат, а Бренсон ќе го помни тоа искуство до крајот на животот.