Samsung би можел повторно да воведе ладење преку парна комора на своите паметни теелфони од 2022 серијата, што е технологија која и недостасуваше на Galaxy S21 серијата. Според наводите на Digitimes, кој ги цитира изворите на синџирот на снабдување, добавувачите се подготвуваат за развој на парна комора на Samsung. На ова влијаела забрзаната примена на технологиите како 5G, додека чипсетите стануваат се помоќни.
Samsung претходно користеше парни комори кај Galaxy S10 Plus моделот. Компанијата тврдеше дека со тоа ја подобрила ефикасноста и перформансите на телефонот. Тестовите на расклопување покажаа дека сите Galaxy S20 и Note 20 уреди ја немале оваа технологија. Galaxy S21 серијата во целост ја исфли парната комора како начин на ладење.
За Samsung би биле очигледни придобивките од оваа имплементација. Помалото загревање позитивно влијае на работата на батеријата. Пониските температури, исто така, значат дека чипсетот може да работи на својот максимум во текот на подолг временски период, што е важен аспект за игри, бенчмаркинг и снимање видеа. Како резултат, на гејминг телефоните често можат да се пронајдат парни комоти, потпомогнати со вентилаторите за ладење.
Меѓутоа, парните комори имаат и некои недостатоци. Заземаат повеќе простор во внатрешноста на куќиштето на уредот, а тоа е простор кој би бил потребен за поголеми батерии, дополнителни антени или други елементи.
Поврзани артикли