Компанијата Boeing кон крајот на минатата недела успешно го изведе првиот тестен лет на својот нов авион, најголем во 737 Max семејството, а се работи за Boeing 737 Max 10.
По успешниот тест, Boeing го почна процесот на сертификување, кој ќе му овозможи на авионот да влезе во служба во 2023. година.
Ова секако се добри вести за компанијата, чии модели од серијата 737 беа приземјени по две катастрофални несреќи, а испораките беа прекинати поради проблеми со електрониката. Успешниот лет би требало да помогне во враќањето на довербата во компанијата, но и клиентите на Boeing сега ќе можат да ги планираат своите флоти.
По откажувањето на голем број нарачки, побарувачката повторно се зголеми, а компаниите United Airlines, Copa Airlines и Virgin Australia веќе нарачаа 500 примероци од 737 Max 10.
Овој авион е долг 43,5 метри, со што стана најдолг со еден премин помеѓу седиштата. Може да прими околу 230 патници, а неговиот досег изнесува 3300 наутички милји. Дизајниран е да биде ривал на Airbus моделот 321 Neo, а има пространа внатрешност, за 50 проценти потивки мотори, 14 проценти помала потрошувачка на гориво и друго.