Истражувачите очекуваат дека примарните резултати на истражувањето би можеле да ги имаат веќе во септември оваа година.
Низ Велика Британија почна голема клиничка студија, во која научниците ќе ја испитуваат ефикасноста на третата доза на вакцина против Ковид-19.
Истражувањето под водство на Универзитетот Саутемптон е прво во светот, кое ќе пружи податоци за влијанието на третата доза вакцини на нивото на имунитетот на пациентите.
Во истражувањето се вклучени 180 доброволци, кои се постари од 30 години и веќе примиле две дози на вакцината против Ковид-19. Тие во период од 10 до 12 недели од втората доза на вакцината ќе ја добијат третата доза. Но, со оглед на тоа што истражувањето ќе ги набљудува седумте вакцини (Оксфорд/АстраЗенека, Фајзер, Модерна, Новавакс, Валнева, Јансен и Куревак), доброволците нема да знаат која вакцина ја добиле како трета доза, па не е исклучено да добијат различна од онаа со која биле вакцинирани претходно.
По примањето на третата доза, доброволците ќе бидат на надгледување за да се утврдат било какви нуспојави и да се измери реакцијата на имунолошкиот систем, а мерењата ќе продолжат и во текот на следната година.
Истражувачите очекуваат дека примарните резултати на истражувањето ќе ги имаат веќе во септември оваа година.
Поврзани артикли