„Флота“ од 60 беспилотни летала се над јужниот кинески град Гуангжу за да ги надгледуваат луѓето кои треба да остануваат дома и ги предупредуваат оние кои излегуваат надвор да носат маска.
Дроновите управувани од полицијата се опремени со камери и звучници кои испраќаат порака дека најдобра заштита од инфекција е да не се излегува надвор. Беспилотните летала се додаваат на постојната мрежа за да се следи здравјето и телесната температура на граѓаните и да се стават во карантин оние што живеат или живееле во област со зголемен ризик од инфекција.
Кина во голема мера ги искорени случаите на домашно пренесување на коронавирус, но неодамна во Гуангжу се зголеми бројот на заразени со варијантата Делта, првпат идентификувана во Индија. Во текот на претходниот ден, беа идентификувани шест нови вакви случаи во мултимилионскиот град, со што вкупниот број таму се искачи на повеќе од 100.
Поврзани артикли