Xiaomi oдржа сесија со прашања и одговори (Q&A), на тема на неодамнешната прикажана технологија на полнење од 200W. Едно од прашањата беше дали поддршката за толку брзото полнење е безбедна за батеријата.
Xiaomi го даде одговорот во вид на неколку слајдови, а објасни на кој начин успева да ја одведе топлината во текот на 200W полнењето и какво влијание може да се очекува од брзото полнење на максимум. Според предвидувањата на компанијата, батеријата би требало да изгуби нешто под 20 проценти од својот капацитет по 800 циклуси. Тоа е повеќе од две години доколку се врши полнење со максимален капацитет секој ден.
Засновано на конкретниот пример, батеријата од 5000mAh (како кај Mi 11 Ultra моделот) по 800 циклуси максимално полнење би се влошила на 4000mAh.
Тука е и уште една интересна работа – без оглед на тоа колку бавно корисникот ја полни батеријата, нејзината состојба би се деградирала по 800 циклуси. Загревањето е главна причина за влошување на состојбата на батеријата, така што не е битно дали батеријата ја полните пет часа на 10W или 10 минути на 200W – количината на топлина со која батеријата се соочува најбрзо ќе ја намали нејзината ефикасност.
Сите батерии ќе изгубат на капацитетот по неколку години употреба, така што бројките што ги понуди Xiaomi за својата 200W технологија на полнење звучат прилично разумно.