Според зборовите на имунологот Ксенија Бочаворој, присуството на подочници или пак темни кругови под очите може да укажува не само на тоа дека не сте спиеле доволно туку и дека имате здравствен проблем.
Секако, тоа не е правило, но доколку подочниците се присутни со денови, убаво би било да посетите доктор и да ја проверите вашата здравствена состојба.
Еве на кое заболување може да укажува таквата промена на лицето:
Проверете го црниот дроб
Според зборовите на докторката, подочниците најчесто укажуваат на проблем со црниот дроб или пак бубрезите.
На таквите тегоби сигнализираат и други знаци: доколку црниот дроб е во лоша состојба, кожата добива и жолтеникава нијанса на боја, а доколку имате проблем со бубрезите, во текот на вечерта можно е да имате оток во пределот на рацете.
Понекогаш подочниците може да бидат знак и за хипоксија – недоволна количина на кислород во воздухот кој го дишете. Тоа по правило е предизвикано од недостаток на важни микроелементи, како на пример железо или селен.
Кога нема причина за грижа?
Во некои од случаите подочниците не се последица на развој на опасни болести. Па така, колку личноста е повозрасна, кожата под очите станува потенка и поради тоа добива потемна боја. Експертите советуваат дека сепак треба да ја проверите причината за тоа.
„Треба да ја исклучите можноста дека не станува збор за тежок здравствен проблем, како на пример анемија, недостаток на нутриенти, болест на бубрезите, црниот дроб, кардиоваскуларниот и респираторниот систем“, вели имунологот.
Извор: Kurir.rs