Honor 50 серијата ќе биде претставена на 16. јуни, а се очекуваат барем три смартфони -Honor 50 со Snapdragon 778G чип, Honor 50 Pro со подобра камера и Honor 50 Pro+ со четири камери и поддршка за 100W брзо полнење.
Првите два уреда веќе се појавуваа на протечени фотографии, додека третиот е прикажан на официјални постери. Сега Honor 50 Pro+ е прикажан на протечени фотографии и во видео.
Овој телефон ќе има барем четири различни бои, а видлив е и USB-C порт и SIM слот. Однадвор нема видлив сензор за отпечатоци од прсти, што потврдува дека ќе биде сместен под AMOLED екранот.
И натаму очекиваме да ја видиме предната страна на уредот. Не е познато дали Honor планира да имплементира закривени рабови, IR TOF 3D сензор за препознавање на лицето или некоја друга интересна опција.