Google ги изненади обожавателите на Wear OS кога објави дека во соработка со Samsung работи на ажурирана верзија на оперативниот систем. Како дел од договорот, идните носечки уреди на Samsung ќе се испорачува со нов софтвер наместо Tizen, неговиот постоечки оперативен систем.
По објавувањето на партнерството, се појавија шпекулации дека Samsung може целосно да го укине Tizen во корист на Android TV. Сепак, компанијата ги негираше тврдењата и наведе дека Tizen и натаму е стандардна платформа за нивните паметни телевизори во иднина.
Samsung е еден од најголемите и најуспешни производители на ИТ уреди, а ТВ пазарот е доста различен од оној за носечките уреди. Оперативниот систем со кој доаѓа телевизорот не игра голема улога кај повеќето потрошувачи при купувањето. Големината, квалитетот на дисплејот и најмногу цената се позначајни фактори.