Во текот на март минатата година, се појавија информации дека Samsung Display ќе престане да произведува LCD екрани до крајот на 2020 година. Сепак, тој период дојде и помина, но ништо не се случи.
Сега нов извештај од Јужна Кореја тврди дека Samsung Display е подготвен да продолжи да креира LCD екрани до крајот на следната 2022 година.
Се сугерира дека промените на пазарот доведоа до ваков развој на ситуацијата – се зголемија цените на LCD панелите, а тоа почна во јуни минатата година и зголемувањето на цените сè уште не престана.
Samsung Display го продолжи планот за производство на LCD панели на барање на Samsung Electronics, кој сè уште сака да користи LCD екрани. Компанијата ги добива своите LCD екрани и од LG Display, но преферира тоа сепак да биде од Samsung Display.
Наводно, конечната одлука за продолжување на производството на LCD-екрани ќе биде донесена до крајот на овој месец.
Поврзани артикли