Во најновиот извештај на ОН се наведува дека постои 40 проценти можност глобалните температури привремено да достигнат 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа во следните пет години и дека таа шанса се зголемува.
Тоа не значи дека светот ќе го надмине прагот на долгорочно затоплување од 1,5 степени, утврден со Парискиот климатски договор, за кој научниците предупредуваат дека е највиско ниво за да се избегнат најкатастрофалните ефекти од климатските промени.
Во соопштение, генералниот секретар на Метеоролошката организација Питер Талас ја опиша студијата како уште еден повик за будење за намалување на штетните емисиите со ефект на стаклена градина.
Секоја година од 2021 до 2025 година, според студијата, веројатно ќе биде потопло најмалку еден степен Целзиусов. Постојат 90 отсто шанси според извештајот, барем една од тие години да биде најтопла со температури повисоки од 2016 година.
Поврзани артикли