Американската разузнавачка заедница денес призна дека нејзините агенции имаат три теории за потеклото на Ковид-19 наведувајќи дека две агенции веруваат оти се појавил по природен пат, т.е. преку човечки контакт со заразени животни, а трета ја прифаќа теоријата за лабораториска несреќа како причина за глобалната пандемија.
„Американската разузнавачка заедница не знае точно каде, кога и како првично бил пренесен коронавирусот, но се обедини за две можни сценарија“, наведува канцеларијата на директорот на Националната разузнавачка служба.
Повеќето агенции веруваат дека нема доволно информации за да може да се направи процена дека едно сценарио е поверојатно од друго, додаваат од канцеларијата.
Во соопштението не е прецизирано кои две од 17 агенции што ја сочинуваат американската разузнавачка заедница веруваат дека вирусот потекнува од заразени животни, а кои веруваат во теоријата за несреќата во лабораторијата, пренесува „Ројтерс“.
Поврзани артикли