Microsoft сега ја присвојува титулата за најдобар браузер кога се во прашање перформансите, за својот Edge прегледник. Компанијата постепено додаваше нови функции во Edge во текот на претходната година, за да ги подобри неговите перформанси и време на одзив.
„Microsoft Edge ќе биде прелитувач со најдобри перформанси на Windows 10, кога Microsoft Edge верзија 91 ќе биде објавен подоцна во текот на неделата“, истакнуваа од тимот на Microsoft Edge во блог објава. „Причината за ова се startup boost и sleeping tabs”, се вели во соопштението на компанијата.
Startup boost функцијата почна да пристигнува во март, со тврдења дека му овозможува на прегледникот да се стартува за 41 проценти побрзо. Новата sleeping tabs функцијата се појави во текот на оваа година, а дизајнирана е да ги подобри перформансите на браузерот. Edge сега автоматски ги ослободува системските ресурси за неактивните табови, што овозможува новите табови подобро да работат и спречува истекување на меморијата и CPU ресурсите во позадина.
Microsoft откри и дека сега пријавил 5300 идеи за Chromium браузер проектот, кои ќе придонесат за развојот на Chrome и другите браузери засновани на Chromium.