Новиот сој на коронавирусот првпат се појави во Индија и донесе дополнително ограничување и загриженост откако почна да се шири во 50 други земји од светот.
Сојот B.1.617 првпат бил откриен во Индија во 2020 година, а истиот се дели на повеќе мутации кои влијаат на тоа како се врзува за нашите клетки.
СЗО го означи овој сој како „загрижувачка мутација“ велејќи дека постојат индикации дека истиот побрзо се шири, предизвикува потежок облик и ја намалува ефикасноста од вакцините и терапијата.
Токму оваа мутација е виновна за разорната епидемија на коронавирусот која владее во Индија, но и „пукање“ на здравствениот систем таму.
На врвот од епидемијата, земјата за само неколку дена забележала дури 400.000 нови случаи на коронавирусот, а и натаму бројот на смртни случаи на дневно ниво е над 4.000.
Зошто индискиот сој е поопасен од останатите соеви на коронавирусот?
Оваа мутација има повеќе други мутации во себе кои полесно се пренесуваат. Британската научна советодавна група за вонредни ситуации овој месец напиша дека „постојат индиции дека индискиот сој е попренослив за дури 50 отсто“.
Докторката Еленор Гант, виролог од Универзитетот во Единбург вели дека една од трите мутации, запишана со име L452 поврзана е со помоќна способност на спиралниот протеин на короната, односно се врзува полесно за површината на клетките домаќини, односно ACE рецепторите кои се наоѓаат на нивната површина.
„Оваа мутација ja карактеризира фактот што од спајк протеинот се избишани две аминокиселини (157-158) кои реагираат на антитела“, додала д-р Гант, сугерирајќи дека мутацијата може да влијае на тоа како сојот реагира на лековите или пак вакцините против коронавирусот.
Извор: Srbija Danas