Компанијата Lenovo на пазарот во Кина претстави Yoga Pad Pro 13-инчен таблет, кој го краси своевидна рачка, а може да се користи и како сталак. Ова овозможува таблетот да се постави во различни положби во две различни ориентации, без потреба од екстерен хардвер.

Во делот на таблетот, каде што се наоѓа рачката, се сместени и двата порта: USB-C од една страна и micro-HDMi од друга. Ова овозможува таблетот да се користи и како екстерен дисплеј за лаптоп или Nintendo Switch.

Lenovo Yoga Pad Pro има 13-инчен LTPS LCD панел со 2160 x 1350 резолуција (16:10), нуди 100% sRGB покриеност на бои, HDR10 и Dolby Vision поддршка. Покрај тоа, тука е и максималното осветлување од 400 нита.

Присутни се и JBL звучници од 9W (2x 2.5W и 2x 2W), со паметни засилувачи и Dolby Atmos поддршка. За опцијата на конекција се задолжени USB-C 3.1 со Quick Charge 4 поддршка, како и споменатиот micro-HDMI порт. Тука се и Wi-Fi 6 поддршката (2×2 MIMO) и Bluetooth 5.2.

Таблетот го покренува Snapdragon 870 чипсет, во комбинација со 8GB LPDDR5 RAM и 256GB UFS 3.0 простор за складирање. Оперативниот систем е ZUI 12.5, заснован на Android 11. Батеријата од 10200mAh е доволна за 12 часа репродукција на видеа или 8,5 часа работа во дисплеј режим.

yoga3_1.jpg

Присутна е само една камера од 8MP од предната страна, заедно со 3D ToF сензор, кој може да се користи за препознавање на лицето. Задната страна на уредот е премачката со Alcantara, додека рачката е креирана од нерѓосувачки челик.

Цената на Lenovo Yoga Pad Pro 13 таблетот на пазарот на Кина изнесува околу 515 долари.