На Twitter се објавени рендери за претстојните смартфони на Google – Pixel 6 и Pixel 6 Pro.
Според типувачот OnLeaks, Pixel 6 Pro ќе пристигне со заоблен 6,67-инчен екран со 3 задни камери.
Станува збор за OLED екран, а не е познато каква фреквенција на освежување ќе има, но ќе биде со димензии 163,9 х 75.8 х 8,9 мм. Се очекуваат и два звучника и поддршка за безжично полнење.
Pro моделот ќе има поголем екран и подобри спецификации.
Pixel 6 ќе биде помала верзија на флегшип моделот, а ќе има препознатлив дизајн како Pro уредот, но со една камера помалку. Ќе има широка и ултраширока камера, а моделот Pro ќе има и перископска телефото камера.
Засега нема информации за официјалното претставување на овие уреди, но се претпоставува дека ќе пристигнат наесен.
Извор: Klix.ba