Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу навести дека Русија размислува за клонирање на група скитски војници чии останки лежат во Сибир веќе 3.000 години.
Шојгу во април рече дека „би било можно да се направи нешто со ДНК на скитските воини, како со овцата Доли“. Останките лежат зачувани во мразот во сибирската тундра.
„Веќе направивме неколку експедиции, многу работи се потврдени, но има уште многу за работа“, рече Шојгу.
Скитите биле група на номадски воини, луѓе кои живееле помеѓу 9 и 2 век п.н.е., и се верува дека потекнуваат од територијата на денешна северна Монголија до Иран. На крај отишле на север кон Сибир, но исто така се преселиле низ поголем дел од Евроазија. Нивните останки беа откриени пред две децении во регионот Тува на Сибир.
Официјално, денес е невозможно да се клонираат луѓето, и тој процес сè уште останува фикција. Покрај тоа што е тешко изводливо технички, постојат и етички и морални проблеми, а самиот обид би бил незаконски.
Од друга страна, клонирањето животни е реалност и се применува за зачувување на некои загрозени животински видови.
Извор: Klix.ba