Јапонскиот производител на автомобили нагласува дека мета на криминалците се пред се постарите модели на марката.
Веднаш на почетокот треба да се спомене дека минатиот март, шерифот на округот Л.А. пронашол 250 катализатори, проценети на околу 750 000 американски долари. Големите трошоци за изработка на овие делови за автомобили, кои користат особено благородни метали, доведуваат до зголемување на кражбите, а производителите на автомобили преземаат мерки за да им помогнат на сопствениците да го решат проблемот. Затоа Toyota, иако засега понудата е ограничена само на сопствениците на Toyota во Велика Британија, нуди сет за следење против кражба на катализатор.
Во официјалното соопштение, Toyota UK објави дека инвестира повеќе од милион фунти за обележување на катализаторите на над 100.000 возила на Toyota, помагајќи и на полицијата да ги пронајде и уапси крадците Услугата е бесплатна за сопствениците, а производителот на автомобили конкретно споменува дека цел се постари модели на марката. Тоа е затоа што посовремените автомобили на Toyota и Lexus имаат различен дизајн на катализаторот, така што тие обично не се мета на кражба. За вклучените сопственици, сè што треба да сторат е да контактираат со нивниот локален дилер на Toyota или Lexus за да ја закажат бесплатната услуга.
Важно е да се напомене дека Toyota соработува со компанијата Smartwater, која произведува полициски одобрени и невидливи сетови за обележување.
Останува надежта дека производителот на автомобили ќе ја понуди оваа услуга и на глобално ниво.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли