Националната банка на Кина започна со тестирање на дигитална валута во неколку региони веќе од минатата година.
Таа беше претставена на првиот Меѓународен саем за потрошувачки производи, во градот Хаикоу, а за разлика од биткониот кој се базира на децентрализиран блокчејн протокол, валутата ја издава и регулира Националната банка на Кина, користејќи дигитален токен за да ја претстави виртуелната форма на нејзината класична валута.
Минатата година, во Кина преку мобилни плаќања се реализирани трансакции во вредност од 67 милијарди американски долари, што е за 400 пати повеќе отколку во истиот период во САД.
Иако не постои точна временска рамка за лансирање на дигиталниот јуан, заменик гувернерот на Националната банка, Ли Бо на форумот Боао, што се одржа минатиот месец наведе дека Кина како втора по големина економија во светот предизвикала бројни коментари и дискусии во експертските кругови.
Честопати се зборува за тоа дека дигиталниот јуан ќе биде предизвик за американскиот долар.
„Секоја земја во основа е предмет на американското законодавство, затоа што нивните банкарски системи се преклопуваат со американскиот долар“, рече професорот Луиџи Зингалес од Универзитетот во Чикаго за телевизијата „ЦГТН“.
Тој додаде дека „има се повеќе незадоволство во многу земји во светот и дека тие не сакаат да бидат дел од тоа, особено кога одлуката донесена од САД настојува да биде променлива“.
Истовремено тој наведе пример дека договорите може да бидат раскинати кога ќе бидат склучени со земји како што е Иран.
Зингалес верува дека сега во светот постои потреба за алтернативна валута.
Извор: Данас