BtoBet потпиша договор со William Hill за користење на нивната платформа за спортско обложување во Колумбија
BtoBet дополнително го прошири своето присуство во Латинска Америка преку партнерството со William Hill во Колумбија. BtoBet ќе му ја обезбеди платформата за управување со играчи (PAM) и софтверот за спортско обложување на William Hill, еден од водечките светски оператори за спортско обложување и игри во казино.
BtoBet, дел од Aspire Global групацијата, му ја пружи на William Hill својата платформа и најсовременето решение за спортско обложување.
BtoBet беше преземен од Aspire Global во септември и се етаблираше како водечки провајдер на услуги за спортско обложување во земјата, по регулирањето на колумбискиот пазар во 2016 година. Со зајакнување на своето присуство во Колумбија, Aspire Global и BtoBet ја покажаа својата посветеност за ширење на својот отпечаток низ глобалните регулирани пазари.
„Воодушевени сме од ова партнерство и можноста да им обезбедиме на играчите во Колумбија супериорно искуство со игри. Секогаш ги бараме најдобрите локализирани решенија и BtoBet е добро поставен на колумбискиот пазар на обложување“, изјави извршниот директор на William Hill, Улрик Бенгтсон.
Тсачи Маимон, извршен директор на Aspire Global, изјави: „Овој договор ја демонстрира силата на нашата понуда и услуги и ни го отвора патот за понатамошно ширење на регулираните пазари низ целиот свет. Договорот е доказ за нашата способност да ги привлечеме операторите од првото ниво и дека сме во позиција да се натпреваруваме за каков било договор и каде било. Aspire Global е вистинска сила за iGaming–операторите и договорот е уште еден чекор во нашата цел да станеме водечки светски провајдер на услуги за онлајн обложување“.
Поврзани артикли