Прототип на вселенското летало Starship, за кое компанијата SpaceX верува дека еден ден ќе го испрати на Месечината и Марс, успешно слета во Јужен Тексас, при што немаше експлозија.
Имено, овој прототип во текот на неколку претходни тест летови експлодираше во по или пред слетувањето.
„Приземјени сме, Starship слета“, рече Џон Инспрукер, инженер на SpaceX, во живо во преносот на спуштањето на леталото.
Инспрукер подоцна објасни дека пламенот од ракетата и натаму бил видлив по нејзиното слетување, што всушност е показател на горивото што го користи.
Набрзо по счетувањето на Twitter се огласи и Елон Маск, основачот на компанијата SpaceX.
„Слетување на Starshipa номинално”, кратко напиша Маск.
Starship landing nominal!
— Elon Musk (@elonmusk) May 5, 2021
Поврзани артикли