Најголемиот авион во светот, со распон на крилјата од 117 метри, успешно го изведе вториот тест-лет во Калифорнија.
Авионот Roc на компанијата Stratolaunch има шест мотори од Boeing 747, а е дизајниран да понесе и лансира суперсонични летала во орбитата.
Во текот на неодамнешното тестирање Roc постигна висина од 4.267 метри, со максимална брзина од 320 км/ч, пренесе Independent.
Touchdown!! Successful flight tests to round out the day. What a beautiful sight. pic.twitter.com/gdssjvoN8x
— Stratolaunch (@Stratolaunch) April 29, 2021
Проектот во 2011 година го започна Пол Ален, соосновачот на Microsoft. Тој не дочека да го види првиот лет на оваа неверојатна машина.
Roc може да понесе повеќе од 220 тони, а првата замисла била да лансира сателити. Новиот сопственик има поинаква мисија, да стане платформа за суперсонични летала.
Поврзани артикли