Технологијата користи податоци за GPS локацијата во реално време за прецизно да ги идентификува кривините на патот пред возилото
Ford го претстави својот нов систем за паметни светла кој ветува дека ќе ги осветли можните опасности на патот и свиоците пред возачите воопшто да ги видат. Сигурно дека нема потреба да се нагласува дека ваков систем ќе претставува голем придонес за зголемување на безбедноста на патиштата.
Технологијата користи податоци за GPS локација (и навигација) во реално време за прецизно да ги идентификува свиоците на патот напред. Комплицираниот алгоритам потоа ја пресметува траекторијата и брзината на возилото и соодветно ќе ја прилагоди насоката на фаровите. Ова ќе им обезбеди на возачите оптимално покривање на раскрсниците со светлина и какви било опасности што можат да се кријат зад аглите. Ford вели дека алатката ќе продолжи да работи дури и кога податоците за локацијата не се достапни. Тогаш системот ќе работи заедно со вградена камера за интелигентно осветлување на патот додека не се подобри сигналот.
Ford вели дека новата алатка ќе ги води возачите низ темнината.
„Технологијата за предвидување на осветлувањето што ја развиваме сега значи дека еден ден возењето во темнина може да биде едноставно како следење на вашите светла. Овој нов систем базиран на мапи и локација е следниот чекор во нашата потрага возењето ноќе да не биде потешко или постресно отколку во текот на денот“, вели Мајкл Коер, инженер за истражување на расвета во европската филијала на Ford, и додава дека новата технологија е следниот чекор за зголемување на безбедноста на патиштата.