Научниците истакнуваат дека минијатурната црна дупка е оддалечена од Земјата околу 1.500 светлосни години.
Универзумот е преполн со црни дупки, но научниците се навикнати дека тие дупки се прилично големи и само се зголемуваат. Сепак, црната дупка што ја пронајдоа на Млечниот пат и која е најблиску до нашиот Сончев систем е најмалата која ја откриле досега.
Како што напишаа во нивниот труд објавен во Месечните известувања на Кралското астрономско друштво, црната дупка која ја нарекоа „Еднорог“ има маса околу три пати поголема од онаа на нашето Сонце и е во друштво на светла ѕвезда која припаѓа на категорија на црвените џинови. За разлика од некои други црни дупки, научниците не забележале дека Еднорогот привлекува материјал од блиската ѕвезда, која е 173 пати посветла од нашето Сонце.
Го нарековме Еднорог делумно затоа што се е во констелација со Моноцерос, што се преведува како еднорог, а делумно затоа што е единствен состав кога станува збор за црни дупки, изјави докторантот на универзитетот Охајо Стејт, Тарингу Џесинге.
Во астрономијата, се користат три категории за црни дупки – најмалите или еднорозите, најголемите или супермасивните дупки и неколкуте кои се наоѓаат некаде помеѓу.
Категоријата еднорог спаѓа во областа помеѓу најголемите познати неутронски ѕвезди кои имаат 2,2 пати поголема маса од Сонцето и оние со маса 5 пати поголема од масата на Сонцето.
Еднорогот е навистина една од најмалите можни црни дупки, додаде Џесинге.
Научниците истакнуваат дека минијатурната црна дупка е оддалечена од Земјата приближно 1.500 светлосни години. Иако е најблиската црна дупка до Земјата, сепак е многу далеку. Имено, најблиската ѕвезда до нашиот систем, Проксима Кентаури, е оддалечена 4 светлосни години.
Извор: Zimo.hr