Според анатомските анализи, холандски научници пресметаа дека нормалната брзина на движењето на тие џинови отприлика изнесувала 1,28 метри во секунда што значи 4,6 километри на час.
Само за споредба, просечната брзина на одење на луѓето е околу 1,34 до 1,42 метри во секунди, односно 4,8 до 5,1 километри на час, пишува Reuters.
Нормалната брзина на одење кај животните може општо да се утврди со набљудување на телата, нивниот природен ритам со оглед на целокупната структура и потребите животното да ја чува енергијата, пишува во студијата на Универзитетот во Амстердам, објавена во Royal Society Open Science.
Во случајот на Т-Рекс, кој бил долг до 13 метри, тежок 9 тони, а кој одел на две нозе, во движењето освен нозете бил вклучена и опашката која се подигала и спуштала еднаш на секој чекор, поддржувајќи го движењето.
Со помош на 3Д реконструкција на модел од скелет, холандските научници ја процениле природната зачестеност на осцилацијата на опашката.
Утврдената брзина на движење од 1,28 метри во секунда е помала од претходните процени. Авторите на студијата напомнуваат дека тоа не било најбрзо движење, туку преферирано одење.
Претходните студии покажаа дека овој предатор не трчал ни 30 км/час.
Извор: Zimo.hr