Интересни факти на Светскиот ден на книгата
Купувањето на книги е на врвот на листата на омилени производи, кои луѓето во Македонија ги нарачуваат онлајн. Корисниците најмногу нарачуваат производи преку своите смартфони (68 отсто), скоро една четвртина го прави истото преку своите лаптопи, додека само 8 отсто од сопствениците на платежни картички практикуваат шопинг преку десктоп компјутер.
Покрај книги, Македонците имаат големо ниво на интерес за купување облека, електронски уреди и производи од локални дизајнери како играчки, накит и предмети за домот. Според бројот на направени нарачки, ретко се нарачува храна од ресторани и преку апликации за достава.
Ова е прикажано во регионалното истражување направено од Visa, чии резултати се објавени на Светскиот ден на Книгата и Авторските права.
Популарната и стручна литература е, споредбено, трет најпопуларен производ кај граѓаните во Србија и Албанија. Онлајн шопингот на книги во Босна и Херцеговина е на ист ранк како и повеќето други категории, далеку зад категоријата облека и обувки, со слична статистика во Црна Гора.
Клучните придобивки од онлајн плаќањата преку смартфон се погодноста (72 отсто), едноставноста во однос на други опции (54 отсто) и брзината (47 отсто). Истовремено, 15 отсто од испитаниците во склоп на истражувањето го сметаат плаќањето преку смартфон како иновативен и модерен начин за плаќање.
„Мило ми е што во Македонија и регионот постои висока свест за онлајн шопинг на книги, како и дека литературата и уметноста се во чекор со постојаниот развој на технологијата. Е-трговијата низ светот е таа која што се има развиено и има влијание врз дигиталната трансформација на многу бизниси и сегменти во малопродажбата, што исто така влијае на нашите дневни навики, како начините на кои купуваме нешто. Можеме да го увидиме тоа во резултатите од истражувањето кое го реализиравме, кое покажа дека луѓето ги прифаќаат иновациите и сè повеќе ги користат своите смартфони кога плаќаат онлајн, бидејќи им носи бројни придобивки, примарно брзина, ефикаснсот и безбедност,“ изјави Владимир Ѓорѓевиќ, Генерален Менаџер во Visa за Југоисточна Европа.
Кога е во прашање фреквентноста на онлајн нарачките, скоро половина од испитаниците во Македонија купуваат производи и услуги неколку пати месечно, а оние кои сè уште не пробале онлајн шопинг преку смартфон, 61 отсто од нив планираат да го направат истото во иднина.
Побрзото и полесно прифаќање на иновативни начини за плаќање e најмногу под влијание од позитивно лично искуство (84 отсто), по кое следат препораки на банката (27 отсто), пријатели (21 отсто) и членови на семејството (18 отсто).
И покрај различните навики, истражувањето покажува дека купувачите од регионот имаат слична подготвеност и желба да ги прифатат модерните технологии.